24 Април, 2024
0.0279

AllWeb конференција: Ќе пречекаме повеќе од 15 експерти од областа на маркетинг комуникациите и бизнис стратегија

Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

По ланскиот мини јубилеј годинава AllWeb конференцијата ќе се одржи по 6-ти пат. 

Фактор: Што може да ни кажете за годината која измина, колку сте задоволни од целите и насоките кои тогаш ги зацртавте и што се промени во пресрет на годинешната конференција?

Славица Биљарска: Минатата година велевме дека нема да го третираме настанот како јубилеен, дека тоа ќе го оставиме за неговото десетто издание, и не лажевме. За оваа година не е фер да коментираме пред да се случи 6-то издание. Се подготвуваме скоро цела година и од наша перспектива, како организатори, AllWeb 2017 ќе се искачи уште едно скалило погоре. Секоја година се трудиме да одиме чекор напред со програмата, со квалитетот и квантитетот на публиката и со целокупното понудено искуство. Сега за сега сѐ е во нагорна линија и ни дава навистина позитивно чувство дека на 17 ноември Македонија ќе има уште еден AllWeb кој ќе се памети. Оваа година имаме нова сцена, нашиот нов дом е Драмскиот театар во Скопје, на која ќе пречекаме повеќе од 15 експерти од областа на маркетинг комуникациите и бизнис стратегија. Очекуваме повеќе од 270 посетители, квалитетно вмрежување и размена на искуства.

Фактор: Која ќе биде централната тема на годинешната AllWeb конференција и што може да очекуваат учесниците и секако пошироката јавност?

Славица Биљарска: AllWeb оваа година отвора нова голема и многу важна тема: е-трговија и преку неа и останатите теми ќе се обидеме на компаниите да им одговориме како најдобро да пливаат во денешното сложено маркетинг опкружување каде Интернетот сѐ повеќе доминира. Покрај аналитиката и рекламирањето во функција на зајакнување на е-трговијата, во презентациите ќе има фокуси на креирањето содржина или т.н. content marketing, особено во делот со Instgram и YouTube. Секако, нема да може да избегаме од стратегијата како клучна алка во развојот на која било маркетинг комуникација. Сите говорници доаѓаат од различни пазари, носат различно искуство и се подготвени своите научени лекции и да ги споделат со нашата публика.

Фактор: Кои говорници може да ги очекуваме оваа година на AllWeb и дали веќе конференцијата прераснува во препознатливо место каде истите може да влијаат и да ги споделат нивните искуства и секако нови методи на работење?

Славица Биљарска: Многу сме среќни што можеме и оваа година да се пофалиме со одлични имиња со кои годинешнава програма уште повеќе добива на тежина. Тука пред сѐ мислиме на Џон Буркхарт, „content guru” и член на бордот на Sports and Entertainment Alliance in Technology (SEAT), организација која ги обединува маркетинг специјалистите кои работат во NBA, NFL, NHL, Премиер лигата и слични спортски асоцијации; Хајмо Хамер од Kraftwerk кој има работено за клиенти како Coca-Cola, Redbull и Domino’s Pizza; Матеј Лончарич од Joomboos, експерт за работа со YouTube инфлуенсери, како и легендарниот Шкотланѓанец Дејв Бирс, поранешен креативен директор на OgilvyOne, McCann Worldgroup and Poke. На сцената своето искуство ќе го споделат и Петер Санто, основачот на SpringTab и консултант на компании како Time-Warner и L’Oreal, Роберт Петковиќ еден од двајцата врвни експерти за Google Analytics во нашиот регион и други.

И оваа година ја задржуваме традицијата на самата конференција да претставуваме ново истражување на локалниот пазар. Овој пат согласно една од темите, е-трговија, Сергеј Зафироски од InsiderID премиерно ќе ги презентира резултатите од скорешното истражување за навиките на локалните онлајн купувачи, со фокус на стоките за широка потрошувачка.

Фактор: Во Македонија се почесто се организираат конференции за модерните трендови, за незапирливата дигитализација, новата стартап култура која се развива кај нас, се поголемата свесност на брендовите за значењето на онлајн присуството, по што се разликува AllWeb од овој аспект?

Славица Биљарска: AllWeb во некоја мера е пионер на пазарот. Беше прва, а сѐ уште е единствена конференција во Македонија посветена на дигиталните комуникации. Од друга страна, не постои сличен настан кој постои толку долго, а ние допрва ја гледаме светлата иднина за него. Тие што до сега присуствуваат, потврдуваат дека AllWeb не е само уште една обична конференција. Тоа е настан чија улога е да инспирира, да мотивира и да го турка пазарот да се развива. По содржината и според презентациите, сегаш е чекор или два пред самиот пазар. Тоа што ние го воочуваме е дека на пазарот се помалку се чувствува отпорот кон професионална надградба, кон инвестирање во вработените и развојните планови на компаниите и се почесто гледаме голем број на мали и средни локални и регионални компании како посетуваат ваков тип на настани. AllWeb од година во година се трансформира, расте, се развива, и никогаш не е во позиција да рече, доста е. Токму затоа слободно може да го профилираме како премиум настан каде мора да се биде, да се слушне што е ново, да се размени искуството и да се планира за иднината. Пазарот веќе одамна така и го прифаќа и соодветно реагира. Нормално, секогаш може повеќе и подобро и од наша страна како организатори и од страна на компаниите. Токму затоа, веднаш по завршување на годинешното издание, ние веќе ќе размислуваме за следниот AllWeb. 

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка