25 Април, 2024
0.0272

Ало Таравари - Министер за „маркетинг“ здравство или градоначалник?

Објавено во: Анализа 04 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Арбен Таравари е на чекор да изврши политичко самоубиство откако најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар од редовите на Алијансата за Албанците. 

Тој досега се соочи со бројни проблеми во македонските болници и даваше впечаток на човек кој доаѓа од фелата и сака да работи со промени но, ваквата одлука е доста нејасна и служи само на партијата бидејќи како еден од повеќе популарните политичари може да се спротистави на кандидатите на ДУИ, БЕСА и ДПА во Гостивар. 

Ало, Таравари, зарем вреди да се менува министерска со градоначалничка функција, особено што по неколкуте ПР потези граѓаните добија доверба во него дека може да работи чесно и искрено во здравството на кое му се неопходни реални подобрувања. Секако, јасно е и дека во здравство постојано ќе има проблеми бидејќи е едно од најтешките министерства за водење, но зошто воопшто беа досега водени повеќето ПР кампањи. 

Токму истите ПР потези беа на мета и на нашите критики, не затоа што самите проекти се лоши туку затоа што во период на тотален крах на здравствениот систем не е време за нив. За ПР кампањи најпрво треба да се покажат резултати во здравството со решавање на итните проблеми, а потоа да се дава слика на напредност и софистицираност.

Таравари ќе ја води изборната кампања со земање одмор од министерството иако најави дека ќе продолжи да ги врши најважнте задачи. Затоа се поставува прашањето дали сега треба да си поднесе оставка или да биде разрешен па на негово место да дојде нов министер бидејќи проблемите во здравството немаат време за изборна кампања ниту за ПР штосови.

Автор: Христијан Станоевиќ