24 Април, 2024
0.0290

АМАНДМАНИ ЗА ПРЕДЛОГ - ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ достави дури 84

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

До Комисијата за европски прашања пристигнаа 90 амандмани за предлог-законот за употреба на јазиците од кои дури 84 од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ поднесе 4, Движењето БЕСА 2, a ДУИ не поднесе ниту еден амандман. 

„За нас е исклучително важно заеднички да дојдеме до законско решение кое навистина ќе биде во интерес на сите граѓани во оваа држава“ - изјави Томислав Тунтев од СДСМ.

СДСМ поднесе амандман и за намалување на висината на казните што беа наменети за институциите што нема да го почитуваат законот.

„Според нашиот предлог казните од 4.000-5.000 евра се намалуваат на 1.000-2.000 евра. Потоа исто така ја допрецизираме регулативата при водењето на седниците во Собрание и во Влада“ - рече Тунтев.

Бидејќи законот е со европско знаменце, според деловникот тој сега треба да биде вратен во Комисијата за европски прашања. Амандманската расправа е закажана за утре и ќе трае три дена по што законот повторно ќе биде вратен на пленарна седница.

За изгласување на законот потребни се 61 пратеник. Според најавите на Претседателот на Собранието, Талат Џафери, целата процедура треба да заврши до крајот на декември. 

Премиерот Зоран Заев побара, ова прашање поврзано со спроведување на албанскиот јазик во институциите да биде затворено до крајот на годината.

Можеби ќе ве интересира

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела