АМАНДМАНСКАТА РАСПРАВА ЗАВРШИ: Предлог буџетот повторно се враќа во Владата
Објавено во: Економија 07 Декември, 2017
Предлог-буџетот повторно се враќа во Владата.
Амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет заврши денеска.
Откако ќе биде разгледан, предлогот ќе биде ставен на дневен ред на пленарна седница во Собранието.
Комисијата усвои шест од вкупно 279 амадмани. Од четирите амандмани од ВМРО-ДПМНЕ два се целосно прифатени, а два се изменети во делот на финасирањето.
Комисијата ги прифати амандманите за субвенции за печки на пелети, за ТИРЗ во Куманово, за изградба на колекторски систем во Неготино, за решавање на проблемот со депонијата во Струга и за изградба на детски парк во скопско Нерези.
Комисијата неколку пати беше одложувана, а истата се одржуваше без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.