Добивај вести на Viber
Граѓанската асоцијација АМАН со ултиматум до премиерот Груевски, до четврток да ја овласти Државната изборна комисија да ги отвори подрачните единици за да започне собирањето потписи за измени на Законот за енергетика или повторно ќе почнат со протести пред Владата.
Од АМАН за утре најавија и прес конференција, на која ќе укажат дека нивните активисти добиваат притисоци и закани но, и да предупредат од можноста постапката за собирање на 10,000 потписи да се пролонгира од Владата.
“ Веруваме дека нашето појавување во јавност ќе помогне во однос на заканите по животот на активистите и притисоците да се намалат“, се вели во соопштението од АМАН.
Иницијативата на АМАН веќе доби зелено светло од Собранието.