Амазон мерка локација, ќе вложи 5 милијарди долари и ќе вработи 50 000 работници
Објавено во: Свет 11 Септември, 2017
На крилата на големиот финансиски успех компанијата Амазон одлучила да изгради уште еден свој центар во Северна Америка.
Тоа компанијата ќе ја чини околу 5 милијарди долари.
Локацијата за идниот центар не е именувана, туку ќе се избере по пат на посебен тендер, но затоа се претставени условите кои таа локација во иднина би требало да ги содржи. Тоа, пред се е урбано опкружување со најмалку милион жители кои ќе привлече и задржи поенцијални идни работници.
Исто така целта е новиот центар да биде претставен како таканаречено "business-friendly" опкружување.
Победничката локација ќе биде објавена во почетокот на следната година.
Во новиот центар ќе бидат вработени околу 50 000 работници.