29 Март, 2024
0.0287

АМБИЦИОЗЕН ПРОЕКТ: Саудиска Арабија вложува милијарди долари во забавни бизниси

Објавено во: Свет 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Саудиска Арабија ќе инвестира 2,7 милијарди долари во нови проекти за забава, извести на СNN Money. Царството сака да ги поттикне своите жители да трошат повеќе време во земјата и помалку да патуваат надвор.

Затоа, државниот суверен фонд создава посебна компанија која инвестира во договори со стратешки партнери во забавен бизнис.

Една од инвестициите ќе биде забавен комплекс кој треба да се отвори во 2019 година, објави официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија.

Во моментов, во конзервативната муслиманска земја има многу малку забава. Концертите и театрите се забранети. Првиот отворен музички концерт се одржа оваа година, а на него им беше дозволен влез само на мажите.

Целта на новиот потфат да инвестира во забавната дејност е да привлече 50 милиони посетители годишно за идните атракции до 2030 година и да создаде над 22.000 работни места во кралството. Тоа би додало 8 милијарди ријали (2 милијарди долари) на бруто-производ на земјата, објави владината агенција.

Наспроти падот на цените на нафтата, земјата се обидува да ја диверзифицира економијата и да ја намали зависноста од приходите од енергија.

Сега милиони Саудијци патуваат во соседните земји за рекреација и забава. Само во 2017 година, речиси еден милион жители на кралството го посетија Дубаи, а властите претпочитаат да ги трошат своите пари во својата земја.

Во април, Саудиска Арабија објави дека гради град со 334 квадратни километри за спорт, културни настани и забава.

Првата фаза од градскиот проект, кој се наоѓа југозападно од главниот град Ријад, се очекува да биде подготвена во 2022 година и вклучува тематски парк како главна атракција.

Огромното мнозинство од 8 милиони туристи кои секоја година доаѓаат во земјата се главно аџии во посета на светите места на муслиманите како Мека. Саудиска Арабија сака да ги зголеми туристите на 30 милиони годишно до 2030 година

Таа дури се надева дека ќе стане дестинација за плажа-туризам, планира да изгради одморалишта, хотели и станбени комплекси на 100-километарскиот дел од Црвеното Море. Овој проект мора да биде завршен во 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО