29 Март, 2024
0.0239

Америка ја направиле луѓе кои должеле многу пари!

Објавено во: Анализа 21 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Дали знаете дека Европејците што доаѓале на американско тло биле многу задолжени граѓани во своите земји. Токму поради тоа и се решавале да дојдат во Америка. Во тој период кога САД се колонизирани не биле баш до толку ветена земја како што се денеска. Едноставно луѓето биле премногу заглавени со кредити во нивните земји и морале да бегаат доколку не сакале да одат во затвор...токму така, во тие времиња системот функционирал на следен начин: Доколку имате долг кој што не го плаќате ве ставаат во затвор се додека не се најде некој што ќе ви го плати долгот. Уште една интересна работа од овој период. Според некои истражувања дури две третини од Европејците кои доаѓале на американско толо, биле под закана за затвор. Една од главните причини поради која што доаѓале била дека колониите Вирџинија и Северна Каролина им ветувале на оние кои ќе дојдат дека најмалку пет години ќе ги заштитат од таканаречен должнички затвор. Оваа практика на заштита од должнички затвор прва ја увела државата Њу Јорк (впрочем тоа е местото каде што доаѓале доселениците) со тоа што го укинала. Интересно дури и Томас Џеферсон и Џорџ Вашингтон кои се едни од потписници на познатата декларација за независнот наводно биле заглавени до гуша во долгови. Па така освен што прогласиле независнот на САД се спасиле и себеси од големи проблеми. Личните мотиви во случајот се покажале и корисни за општеството. Е сега и една сличност од тоа време со ова денеска. Луѓето кои се занимавале со трговија, банкарски работи и слични финасиски трансакции биле исклучок од ова правило за должнички затвор. Овие луѓе имале привилигирани позиции наспорти сите останати. Веројатно уште од тоа време владеела мантрата “преголем за да пропаднеш” па поради тоа законите не важеле за нив, како што важеле за другите. Значи практиката да се заштитуваат големите трговци, сега прераснала во тоа да се заштитуваат големите компании. Некои работи не се смениле 100 години. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот