20 Ноември, 2017
0.3443
    ADIN 550    0%     ALK 7387.5    -0.29%     GRNT 825.36    -0.67%     KMB 2700    -0.04%     MPT 27000.21    -2.81%     MTUR 4101    -8.87%     OHB 4860    -2.8%     OKTA 2753    -2.97%     PPIV 39205    3%     REPL 54600    0%     STB 919.65    -1.62%     STIL 130    0%     TEL 272    0%     TETE 1850    2.78%     TPLF 1607    -2.97%     TTK 812.95    -0.74%     UNI 1905    -0.01%     VITA 7500    0%

Америка оди во Украина со дипломатија и оружје?

Објавено во: Свет, Колумни 25 Август, 2017

Украина вчера ја одбележуваше независноста. Со воена парада како што прилега во државите настанати од некогашниот Советски Сојуз. Парада како парада ќе беше, војска, оружје, говоранции, ама овој пат не бидна така. Вчерашната парада беше украсена парада. Украсот беа марширањата на војници од десетина НАТО членки и други земји, без Франција и Германија. Алијансата очигледно им дава до знаење на Русите со кого би си имале работа доколку одново се случат воени дејства и на други делови од Украина. Иако таа држава и не е членка на НАТО.

Случајност или не, а повеќе намера, беше присуството на парадата на американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис, кој е во кратка посета на Украина. Матис на парадата присуствуваше за да покаже кој е главниот спонзор на Украина.  А како што се развиваат работите и ќе биде во наредниот период.

Пред неколку месеци американскиот претседател Доналд Трамп назначи специјален дипломат, Курт Вокер, поранешен постојан претставник на САД во Алијансата, кој ќе се занимава со прашањата на Украина, а кој исто така ќе соработува со свој руски колега Владимир Сурков кој одамна се занимава со Украина. Порано Украина беше дел од работата на помошникот на државниот секретар Викторија Њуланд. А сега Вокер има точно одредена задача. Тој веќе беше еднаш во Украина и неговите први констатации беа дека Русите се виновни за сите нејзини несреќи, дека неа и треба помош…А на почетокот на неделава се сретна за прв пат со својот руски колега. Што разговарале не се знае. Се разбира дека ситуацијата во Украина била на дневен ред, но  нема детали од средбата. Се е оставено на претпоставки.

Специјалното дипломатското вклучување на САД во решавањето на Украинската ситуација „ни војна, ни мир“ најверојатно е резулатат од средбата што ја имаа Владимир Путин и Трамп во Хамбург, на Самитот Г20. Главниот дипломатски лост досега беше„Нормандската четворка“, Франција, Германија, Русија и Украина, но еве веќе една година таа не може ништо да направи за помрднување на заглавените „Мински договори“.

Тие заглавија во политичкиот дел. Украина требаше да изгласа пакет закони за исполнување на политичкиот дел од договорите (амнестија за припадниците од вооружените сили на Донбас и Луганск, па избори во тие делови на Украина и  давање посебен статус на тие територии. Русија, од своја страна ќе треба да дозволи украинска контрола на меѓусебната граница во тие делови, откако ќе поминат изборите и ќе стапат во сила уставните измени за посебен статус на териториите. Но ова не помина во Киев. Речиси сите политички партии беа против посебниот статус и законските промени не се направија во парламентот (Државната Рада). И покрај договореното, сега Украина сака да се промени редот на потезите. Таа бара најнапред целосен прекин на огнот, па потоа да добие контрола на границите, а дури после тоа да се расправа за „посебниот статус’ и другите политички прашања.

За Русите, односно, луѓето кои ги имаат под контрола деловите од Донбас и од Луганск ова не е прифатливо. Но тие се согласија деновиве за прекин на огнот. Што значи некаква отстапка за барањата на Украина. Па така Борбите на фронтовите во Источна Украина се прекинуваат денес на полноќ за да се обезбеди мирен почеток на новата учебна година, како што соопштија вчера меѓународните набљудувачи. Последниот ваков прекин на огнот беше склучен пред некој месец, околу сеидбата и жетвата, и требаше да продолжи, меѓутоа, не успеа да биде до крај испочитуван.

Вокер и Сурков сигурно ќе имаат многу работа. Европа, поточно Германија и Франција, очигледно не можат да постигнат нешто повеќе за траен мир во Украина, па најверојатно САД ќе бидат булдожерот. И она што тие ќе го договорат со Русија најверојатно ќе го прифатат и сите други од „Нормандската четворка“. Зашто од сегашната ситуација најголем губитник е Украина, а Западот е тука да и помогне и да ја убедува.

Но Американците, па и Вокер, се погласно зборуваат за продажба на смртоносно американско оружје на Украина. Инаку САД за последните неколку години и дадоа на Украина помош од 750 милиони долари, како што соопшти вчера Џејмс Матис. Според некои поранешни искажувања 175 милиони долари од нив се воена техника. На зедничката прес конференција со Порошенко, Матис рече дека нема потреба од сомневања и дека САД ја поддржуваат Украина. Според него Крим треба да и биде вратен на Украина. „Без оглед на демантите од Русија, ние знаеме дека таа се обидува со сила да ги прекројува меѓународните граници, рече Матис, додавајќи дека „амбициите на Москва ги подриваат суверените европски држави и провоцираат напнатост“. Што се однесува до смртоносното оружје Матис не се изјаснува јавно, но затоа Стејт департментот и Пентагон веќе препорачаа на Украина да и се даде „одбранбено“ смртоносно оружје. Приврзаник за ова е и влијателниот американски сенатор Џон Мекејн кој исто така гласно бара испорака на такво оружје на Украина.

Ќе и се испорача ли смртоносно оружје на Украина зависи од ставот на претседателот Трамп. Ако решила Америка, поточно тој, Украина да биде маша во пресметката со Русија, тогаш тој ќе се согласи со испорака на оружје. Но не се знае рускиот одговор на таквиот чекор, како и последиците од него воопшто врз целата ситуација на истокот на Украина, па и во  целата држава. Трамп е Трамп, и воден од неговата бизнис логика, лесно може да се одлучи за зелено светло за испорака на оружје. Тоа ќе биде поддршка за американската воена индустрија за која тој вети дека ќе ја возроди. Негови најблиски соработници сега се најмногу генерали и по некој бизнисмен. Така што бизнисот на Трамп со оружје може да продолжи како и досега. Ако се нема нешто друго договорено со Путин во Хамбург.

Мирче Адамчевски


Можеби ќе ве интересира

Дали Бин Ладен планирал напади на српски цркви на Косово?

Дали Бин Ладен планирал напади на српски цркви на Косово?

ТАЖНА ВЕСТ ЗА ТЕНИСОТ: По долга борба со ракот почина Јана Новотна

ТАЖНА ВЕСТ ЗА ТЕНИСОТ: По долга борба со ракот почина Јана Новотна

Alibaba инвестира 2,9 милијарди долари во ланец хипермаркети

Alibaba инвестира 2,9 милијарди долари во ланец хипермаркети

(ФОТО) ЗА ИНАЕТ НА ТРАМП: Американец и Мексиканка се венчаа на границата

(ФОТО) ЗА ИНАЕТ НА ТРАМП: Американец и Мексиканка се венчаа на границата

Полицаец херој - Гушнал бомбаш самоубиец пред експлозијата

Полицаец херој - Гушнал бомбаш самоубиец пред експлозијата

Француски министер против муслиманите да се молат на улиците

Француски министер против муслиманите да се молат на улиците

Пропаднаа преговорите за новата влада во Германија-иде ли крајот на Меркел?

Пропаднаа преговорите за новата влада во Германија-иде ли крајот на Меркел?

(ВИДЕО) Два земјотреси, па цунами-паника на островите во Пацификот!

(ВИДЕО) Два земјотреси, па цунами-паника на островите во Пацификот!

(ВИДЕО) Почина најбруталниот сериски убиец во затворска келија

(ВИДЕО) Почина најбруталниот сериски убиец во затворска келија