Америка повеќе не се плаши од лаптоп бомби во авион
Објавено во: Свет 18 Јули, 2017
Властите во САД по големиот притисок на авио компаниите од земји како Турција, Египет, ОАЕ и други земји од Блискиот исток конечно решија целосна да ја тргнат забраната за внесување на електронски уреди, како лаптопи, во авионите
Забранта е укината и за авионите на компанијата „Сауди Арабиан Ерлајнс“ на летовоите до САД која е последна од серијата на авиокомпании за кои важеше привремената безбедносна мерка.
Главната причина за воведување на забраната беше извештај на ЦИА според кој џихадистите на ИСИС развиле способност за вметнување на експлозиви во лаптопите и поголемите електронски уреди и на тој начин би можеле незабележително да ги пројдат контролите.
Посочените авиокомпании од САД мораа да преземат повеќе мерки како подобрување на нивните скенери.