Американците ги бришат овие работни места
Објавено во: Економија 09 Април, 2017
Од 2001 година досега повеќе од половина од работните места во весниците во САД се скратени.
Бројот на вработени во весниците паднал од 412.000 на 174.000 во септември лани.
Од друга страна, во интернет издаваштвото бројот на вработени расте.
Ако во 2007 година бројот бил 67.000, сега има 206.000 работни места.
Бројот на весниците се намалил од 9.310 во 2001 година на 7.623 лани, односно пад за 18%.
Бројот на интернет публикации е зголемен за 150%.