Американците прават залихи во очекување на ураганот Метју
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2016
Празни полици во продавниците и долги редови на бензинските пумпи има на југоисточниот брег на САД, затоа што граѓаните од приморските места се подготвуваат за евакуација поради ураганот Метју.
Граѓаните почнаа да прават залихи, а во некои продавници снема леб, млеко и батерии.
Јужна Каролина се подготвува да евакуира речиси една четвртина од населението, а другите сојузни држави ја активираа Националната гарда. Се очекува ураганот да го погоди брегот на Јужна Каролина в сабота, а ветерот да се движи до 160 километри на час.
Во Флорида, Џорџија, Северна и Јужна Каролина прогласена е вонредна состојба поради доаѓањето на ураганот од категоријата три преку Карибите, а се очекува во текот на неделата да го погоди брегот на САД.
Во налет на ураганот во Доминиканска Република загинаа четири лица, оштетени се 200 куќи, а властите евакуираа 800 луѓе.
Ураганот Метју претходно на Хаити однесе три жртви.