Американците се сомневаат за втората „тајна“ средба на Трамп со Путин
Објавено во: Свет 19 Јули, 2017
Американските медиуми и опозицијата се сомневаат дека нивниот претседател Доналд Трамп остварил втора средба со рускиот колега Владимир Путин за време на Г20 Самитот во Хамбург која се крие од јавноста.
Претставници на Белата куќа не соопштија детали од втората средба на Трамп и Путин која се одржала по заедничката вечера, а на истата присуствувал само преведувачот на рускиот претседател.
Затоа Белата куќа побрза да ги спречи шпекулациите велејќи дека задача на Трамп е да влезе во интеракција со светски лидери и дека нема ништо злокобно во тоа што кратко разговарал со Путин за време на десертот.
Трамп исто така се огласи на Твитер обвинувајќи ги медиумите со „Фејк“ вести дека продолжуваат со политичкиот прогон против него.