23 Април, 2024
0.0252

АМЕРИКАНЕЦ НЕ МОЖЕ БЕЗ ЕДНА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА: Ги сака луѓето, кафеаните, селата...

Објавено во: Стил 14 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Чарлс Катер е Американец кој веќе седум години живее во Србија и не може без оваа земја, која го воодушевила со селата, љубезните луѓе и кафеаните. 

Во 2010 година дошол на одмор од две недели и оттогаш животот му се сменил. 

За Србија вели дека се чувствува дека тука припаѓа. 

Нашол стан во Нови Сад, град за кој вели дека има многу странци и таа бројка расте. Му се допаѓа градот затоа што е убав и е на само 45 минути од Белград. 

„Сите зборуваат англиски и тоа е добро, затоа што јас не зборувам српски. Планирам да научам уште оваа година, но мора да најдам професор. Јазикот е тежок, а мене ми се чини како да нема да можам да го научам. Се случува да изгубам самодоверба по тоа прашање. Но, имам и уште еден изговор, луѓето со мене сакаат да зборуваат на англиски“ - вели тој. 

Неговото доселување има приказна. Во група на Фејсбук во која луѓето пишуваат дека ја мразат Америка, сакал да види кој тоа ја мрази Америка. 

Дошол во Србија баш од тие причини, затоа што многу луѓе се изјасниле дека ја мразат Америка, но вели дека имал стереотипи, а сега ги нема. 

„Во САД имам многу пријатели, но тоа не може да се спореди со оние кои ги имам овде“ - вели тој. 

За Србите и Србија вели дека 90% од Американците не знаат ништо. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган