Американската „Амфенол“ ја гради третата фабрика, колку луѓе ќе вработи?
Објавено во: Економија 04 Декември, 2016
Американската фирма „Амфенол“ почна со изградба на третата фабрика за производство на автомобилски делови во Кочани.
Новиот капацитет треба да биде готов кон средината на идната година и во него ќе работат 400 луѓе, со што вкупниот број на вработени во оваа компанија ќе се искачи на 2.500 луѓе.
„Има три причини зошто инвестираме во Македонија. Прво, тоа е висококвалификуваната работна сила, второ поддршката што ја добиваме од државните институции и трето, тука е многу лесно да се води бизнис” –вели потпретседателот на корпорацијата „Амфенол“, Џон Тренор.
Во слободната зона во охридско – струшкиот регион се гради фабриката на „ОДВ Електрик“, и таа треба да биде готова во првиот квартал на 2017 година. Со помош на странските инвестиции се зголемуваат работните места во земјава, тврдат од Владата.