Американската армија ќе може да регрутира „психопати“
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2017
Армијата на САД ги има променето правилниците за регрутирање на нови војници, но тоа го нема споделено со јавноста. Новиот правилник го откри USA Today и во него стои дека армијата на САД во своите редови ќе може да прими луѓе кои имаат историја на ментални болести, злоупотреба на наркотици, себеповредување, а тргната е и забраната за корисници на марихуана.
Главната причина за спуштање на стандардите е што армијата има потреба од 80 илјади нови војници, но интересот за приклучување е се помал и американците губат интерес доброволно да служат војска.
Се пониските стандарди доведоа голем број од војниците кои служеле во САД да се соочуваат со пост-трауматски синдром, депресија, шизофренија, како и други ментални болести.
Многу често ветерани од војните во Ирак, Авганистан и другите места каде војува армијата на САД да вршат масовни убиства и масакри. Меѓу екс војниците огромна е стапката на самоубиства, преминување кон криминални активности, зависност од дроги и семејно насилство.