Добивај вести на Viber
Ирански хакери си “играле“ и ги направиле едни од најголемите сајбер напади забележани досега. Мета на нападот биле интернет страниците на најголемите американски банки како Банк оф Америка, ЏП Морган Чејс, Велс Фарго, УС Банк и ПНЦ Банк. Иако досега се верувало дека ова се најбезбедните комјутерки системи, хакерите успеале да насочат сообраќај десет до дваесет пати повеќе на страниците од вообичаените напади, поради што целосно ги урнале. Ваквиот тип на напади според научниците може да послужи како диверзија за многу покомплекни операции со кои хакерите би си ја олесниле работата за полесн дофат до парите на банките. Официјално не е потврденодали напаѓачите се од Иран, но според јавноста тие потекнуваат токму од оваа земја. Според Сенаторот Џо Либерман овој напад е одговор на Иран на економските санкции кои му ги наметнаа западните земји или како што кажуваат шпекулациите ова е одмазда на Иран за компјутерските вируси Стакснет и Флејм кои, беа лансирани од САД и Израел. Одговорност за нападите презеде извесна група Izz ad-Din al-Qassam Cyber Fighters која е поврзана со Хамас.