Добивај вести на Viber
Морис Мори Тејлор, шефот на „Титан интернешнл“ американска фирма, производител на автомобилски гуми во писмо изнесе пример за работната етика во Франција, нагласувајќи дека „треба да е глупак доколку се одлучи да го преземе раководењето на француска фабрика“, со оглед на тоа дека перосоналот таму активно работи само по три часа на ден.
Тејлор во писмото до францускиот министер за индустрија Арно Монтбур нагласува дека не е заинтересиран да купи фирма, која работи во загуба.
„Француските работници добиваат високи плати, но работат само по три часа на ден. Тие со трошат по еден час за да се одморат и за да ручаат, си зборуваат по три часа и како резултат на тоа работат само три часа“, му напишал Тејлор на Монтбур. Писмото е со датум од 8 февруари, но дури сега беше објавено на сајтовите на француските весници.
„Да не не сметате дека сме толку глупави? Титан ќе купи кинеска или индиска компанија, каде на работниците им се плаќа помалку од едно евро на час, но тие ќе и ги достават на Франција сите гуми, што и се потребни“, потенцирал бизнисменот.