Американски и индиски алпинист загинаа близу Еверест
Објавено во: Свет 22 Мај, 2017
Tројца алпинисти викендов загинаа близу врвот Еверест, а еден се води за исчезнат, објави ТАСС.
Американски алпинист загинал во близина на Еверест, а индиски алпинист исчезнал на пат од врвот надолу, по успешното освојување на врвот, изјавија организаторите на експедициите. Американецот се обидел по втор пат да се искачи на врвот, но не успеал.
Во текот на последните два дена во реонот на Еверест загинале уште двајца алпинисти – од Словачка и Австралија, објавија непалските власти и локалните медиуми.
Од почетокот на актуелната пролетна сезона на искачување на Еверест, почната во текот на март и која ќе трае до крајот на мај, досега загинаа петмина алпинисти, а еден е исчезнат. Oваа година бројот на оние кои сакаат да се качат на врвот е рекорден.