20 Април, 2024
0.0256

ГРАФИКА

Американскиот државен долг е поголем од 500-те најголеми јавни претпријатија во САД

Објавено во: Анализа, Свет 19 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Кога бројките достигнат милијарди или трилиони, тие почнуваат да го губат контекстот Американскиот државен долг е една таква бројка, коментира „VisualCapitalist“. Во моментов тој е на ниво од 19,5 трилиони долари, што е толку голема бројка, тоа е тешко да се замисли.

Колку всушност е голем државниот долг на САД?

1. Американскиот државен долг е поголем од 500-те најголеми јавни претпријатија во САД

S & P 500 е берзански индекс, кој ја следи вредноста на 500-те најголеми американски компании по нивната пазарна капитализација. Тој вклучува огромни компании како Apple, Exxon Mobil, Microsoft, Alphabet, Facebook, Johnson & Johnson и многу други. Во летото 2016 година, вкупната вредност на овие 500 компании се зголеми до 19,1 трилиони долари - малку под државниот долг.

2. Државниот долг на САД е поголем од сите средства, управувани од седумте најголеми менаџери во светот

Најголемите менаџери на средства во светот - компании како Blackrock, Vanguard или Fidelity, управуваат инвеститорски средства за трилиони долари во акции, обврзници, заеднички фондови, берзански тргувани фондови и други. Ако ги земеме седумте врвни компании во овој сектор и ги собереме средствата кои тие ги управуваат, износот ќе биде едвај 18,9 трилиони долари.

3. Американскиот државен долг е 25 пати поголем од светскиот извоз на нафта во 2015 година

Да, земји како Саудиска Арабија, Кувајт и Русија постигнуваат убиствени добивки од продажбата на нафта по светот. Цифрите зад овој извоз сепак се ништо во споредба со долгот на САД. За да се исплати во целост долгот, Саудиска Арабија ќе треба да ги донира своите приходи од извозот на нафта во следните 146 години.

4. Државниот долг на САД е 155 пати поголем од златото, добиено во целиот свет секоја година

Златото е симбол на парите и богатството долго време, но дури годишното светско производство од околу 3.000 тони од скапоцени метали е ништожна честичка од целиот долг. На пазарни цени денес ќе е потребно златото добиено околу 155 години, за да се отплати целиот долг.

5. Всушност државниот долг на САД е поголем од сите физички валути, злато, сребро и биткоини земени заедно

Токму така, ако го соберете секој долар, евро, јен, фунта, јуани или секоја друга глобална физичка валута или монета присутна, сумата ќе достигне само 5 трилиони долари. Ако кон неа се додаде физичкото злато (7,7 трилиони долари), среброто (20 милијарди долари) и криптовалутите (11 милијарди долари), вкупната сума изнесува 12,73 трилиони долари. А тоа се само 65% од државниот долг на САД.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!