Американските напади во Сирија ја „стопија“ оваа валута
Објавено во: Економија 07 Април, 2017
Руската рубља поевтини најмногу меѓу валутите од пазарите во развој.
Приносот на руските државни обврзници скокна по американските напади во Сирија и тоа ги стопи надежите за подобрување на односите со САД.
Ова е сигнал дека нема да има подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон со управувањето на Доналд Трамп, соопшти Bloomberg.
Руската валута поевтини за 1,1% во однос на доларот во почетокот на трговијата во Москва, што беше најостр пад од речиси еден месец. Претседателот на Русија, Владимир Путин ги критикуваше нападите како „агресија" и изјави дека тие ќе го влошат односите.
Кон 12:10 часот рубљата поевтинува со 0,91% до 56,9084 рубљи за долар.