29 Март, 2024
0.0265

АНАЛИЗА: Центар станува претесен – кој има пари за луксузни станови?

Објавено во: Македонија 10 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Зголемена понуда на станови во Аеродром, Новo Лисиче и Карпош. Зголемeна побарувачка на станови на атрактивни локации. Народната банка, по два квартали пад, во изминатите три месеци регистрираше раст на цените на квадратен мeтар станбен простор. Градежниците на дневна основа со анализи за тоа каде и колку треба да инвестираат. Граѓани од другите градови во земјава сè помасовно купуваат станови во Скопје. Зошто цените пораснаа, какви се очекувањата за периодот што следува? Побарувачка за „луксузни“ и „чисти“ станови Точно е дека во изминатите неколку месеци се зголемија цените на недвижностите, но тоа главно е резултат на поголемата побарувачка на станови на луксузни локации. Вака бизнисмените од градежниот сектор ги објаснуваат податоците на Народната Банка според кои во вториот економски квартал е регистриран пораст на цените на становите за 2,2 проценти.
“По забележаното намалување во претходните два квартала, цените на недвижностите забележаа зголемување во вториот квартал на 2014 година. Имено, индексот на цените на становите е повисок за 2,2% на квартална основа, што придонесе за забавување на падот на цените на годишна основа (пад од 0,4%, по падот од 3,1% во првиот квартал на 2014 година)“, пишува во извештајот на НБРМ.
Растот на цените на становите е резултат не на продажбата на поголем број на станови туку на продажбата на поскапи станови, вели Никола Велковски од Комората на градежници.
Во изминатиот период не се продаваа голем број на станви, туку се продаваат главно станови само на добри локации. За нив имаше купци и на ваков начин се одржуваа и цените на ниво на целиот сектор. Станува збор за зголемена побарувачка за станови на „чисти“ локации, со обезбеден приод до зградите, со комплетна документација. Од друга страна пак имаше тренд на намалување на цените на квадратен метар станбен простор во периферните делови на Скопје“, вели градежникот Велковски за “Фактор“.
Смета дека на атрактивните локации не се очекува намалување на цените токму поради високите трошоци за изградба.
“Како поексклузивни локации и натаму се централното градско подрачје, околу градскиот Парк, Водно, Голем и мал ринг, Дебар маало каде се бара локација плус за градење. Цените на становите на овие локации не се очекува да се намалат, бидејќи прво се плаќа висока цена за локацијата, односно за земјиштето кое главно се откупува од физилки лица, потоа тука се трошоците за приклучок кон струја и вода, комуналиите исто така остануваат на високо ниво, и кога сето тоа ќе се собере, цената е таква каква што е“, вели Велковски.
Според податоците на статистика, во мај, од вкупниот број на издадени одобренија за градење 71.7% се наменети за објекти од високоградба, 13.9% за објекти од нискоградба и 14.4% за објекти за реконструкција. Во овој период е предвидена изградба на 504 станови со вкупна корисна површина од 43 765 квадратни метри. Во Скопје, најмногу станови се граделе во Центар, Аеродром и Скопје. Ќе има ли поевтинување? На пазарот со недвижности, особено во метрополата, според последните анализи на градежниците е регистрирана зголемена понуда на станови. Главно станува збор за станови кои се продаваат во неколку скопски населби како Ново Лисиче, Аеродром и Карпош. Од друга страна, пак, е регистрирана зголемена побарувачка за станови, но на поскапи локации како централното градско подрачје. Во изминатиот период е забележан зголемен број на купувачи кои доаѓаат од другите градови во Македонија.
“Би кажал дека околу 30% од купувачите се граѓани што живеат надвор од Скопје. Тоа не се наши иселеници, туку жители на други градови кои решиле да купат недвижности во главниот град. Овој тренд што е изразен во изминатиот период практично значи и вештачки прилив на нови жители во метрополата“, вели бизнисменот Велковски.
Токму овие купувачи се заинтересирани да ги вложат парите во станови на поатрактивни локации, со што се одржува и цената на повисоко ниво, објаснува Велковски. За разлика од вториот квартал, кога НБРМ регистрираше раст на цените на становите, прогнозите за ценовниот тренд во иднина се неизвесни.
Од аспект на факторите на страната на понудата, изградбата на станбените згради во првиот квартал од годината бележи значителен квартален пораст што би имало надолно влијание врз цената на недвижности. Исто влијание би имале и трошоците за изградба кои што во претходните неколку квартали бележат квартален пад. Од факторите на страната на побарувачката за недвижности, и во вториот квартал е остварен раст на станбените кредити, но сепак забавен. Имајќи ги предвид ваквите движења помеѓу цените на недвижностите и нивните двигатели тешко е да се утврди дали растот на цените во вториот квартал од годината ќе продолжи или станува збор за привремено поместување“, се објаснува во извештајот на НБРМ.
Градежниците на дневна основа прават анализи за состојбата на пазарот на недвижности и од тие анализи зависат идните инвестициски потези, односно каде и колку станови ќе се градат.
“Познато е дека цените пред се зависат од локација. Најскапи, односно највисока цена од околу 1200 евра за квадратен метар имаат становите во централното градско подрачје. Овие цени се логични. Станува збор главно за помали згради со околу 50-тина станови. За разлика од овие згради, во останатите населби се нудат станови во поголеми комплекси, со повеќе станови, што секако е уште еден фактор кој влијае врз пониската цена“, вели Велковски.
Според него, во периодот што доаѓа не може да се очекува намалување на цените на становите на потрактивните локации.
“Ние како фирми од градежниот сектор правиме анализи дури и на дневна основа, од што зависат и нашите проценки за инвестирање. Од друга страна се трудиме да обезбедиме приходи, да ги подмириме сите трошоци, да ги платиме квалитетните работници, а би кажал дека оние кои се стручни и квалификувани во дејноста си држат цена на пазарот. Потоа тука се и трошоците за комуналии, кои не се намалуваат. Ако се земат предвид сите фактори, според моите очекувања, цената на становите во периферните делови можно е да се намалува, но во централното градско подрачје, можеби нема да расте, но нема да има поевтинување“, оценува Велковски.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава се издадени 194 одобренија за градење што е за 7.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5,8 милиони денари што е за 236.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, но како резултат на изградбата на останатите делници од новите два проекта за автопати. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор