19 Април, 2024
0.0251

Анализа на Фактор: Супер маркетите со супер приходи, но и се пожестока конкуренција

Кам надмина 100 милиони евра приходи, Веро најпрофитабилен, Тинекс расте, Жито ја одржува позицијата, а предизвикувачите Рептил и Стокомак го зголемуваат пазарното учество

Објавено во: Анализа 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Ниски цени или синџир со многу продавници, речиси и да нема загарантиран рецепт за успех на пазарот на супер маркети . Ако во минатите години големите брендови отвараа супер маркет во секој населба борејќи се за доминација на теренот, влезот на неколку нови конкуренти кои трпеливо ја градеа својата позиција со спуштање на цените и стабилизирање на добавувачката мрежа покажаа дека можни се секакви изненадувања. Индустријата на супер маркети е секако и натаму една од најдоходовните и големите брендови не претрпеа страшни шокови преку ноќ иако перцепцијата кај купувачите полека се менува, веќе не е „срамота“ да се пазари во поевините супер маркети кои ја задржаа својата позиција со доволното ниво на квалитет на производи. 

Според билансите на успех на Веропулос, Тинекс, Кам, Рептил, Стокомак и Жито како едни од најголемите брендови во продажната индустрија нивниот вкупен пазарен удел во 2016-та им донел вкупни приходи од 360 милиони евра.

Веро има и најголема профитна маржа од 12% во однос на остварените приходи, додека пак со најмала профитабилност работи Рептил чии расходи речиси се еднакви како и приходите. Веро во 2015 и 2016 има речиси идентични приходи во износ од околу 70 милиони евра со тоа што добивката е зголемена за 1,6 милиони евра и вкупно изнесува околу 8 милиони евра.

Рептил пак, како еден од главните предизвикувачи има најголем процент на раст од околу 30% во однос на 2015-та, но и големи расходи, за крајниот профит да остане на незначителни 100 илјади евра. Кај останатите компании профитната маржа се движи од 2 до 4 проценти во однос на приходите.

Кам маркети бележат најголеми приходи во 2016 година во износ од 101 милион евра, но поради високите расходи нивната крајна добивка изнесува околу 3,7 милиони евра. Кам и покрај зголемените приходи работи со ниска профитна маржа, па така за 2016-та добивката им е намалена во однос на годината претходно за околу 320 илјади евра.

Тинекс и натаму е еден од синџирите на супер маркети и трговски центри со висок обрт на средства во висина од речиси 92 милиони евра. Нивните операции носат и висока стапка на трошоци, па така добивката во 2016 им изнесува околу 3,6 милиони евра.

Стокомак како уште еден од релативно поновите брендови на пазарот бележи раст и во 2016 година, па така нивниот профит е зголемен за околу 300 илјади евра, а приходите ги „качиле“ за 7,6 милиони евра во однос на 2015 година.

Жито маркетите се исто така во групата на компании од продажната индустрија кои и покрај за нијанса зголемените приходи во 2016-та забележале помала добивка во однос на годината претходно. Жито 2016-та ја заврши со профит од 100 илјади евра со оглед на високите расходи од дури 44,8 милиони евра.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!