Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2017
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година.
Во оваа анализа се претставени податоци за бројот на радиодифузерите, нивните економски перформанси во 2016 година (вкупните приходи, структурата на приходите, вкупните трошоци и структурата на трошоците, финансискиот резултат од работењето, како и просечниот број на вработени во редовен работен однос) и податоци за гледаноста на телевизиите и слушаноста на радиостаниците во 2016 година.
Анализата е објавена на веб страната на Агенцијата и истата е достапна на следниот линк.