29 Март, 2024
0.0311

АНАЛИЗА: Вистината за 6-часовниот работен ден во Шведска

Објавено во: Анализа, Свет 10 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Шведска влезе во насловите на светските медиуми во 2015 година, откако беше објавено дека земјата ќе помине на 6-часовен работен ден.

Работодавачи во Тојота центарот во најголемиот шведски град Гетеборг изјавија дека вработените се посреќни, компанијата има помал промет, но профитот се зголемува, откако компанијата воведе пократко работно време пред повеќе од 10 години.

Најдобрите резултати ги натераа голем број други шведски компании да ја применат истата мерка. Веста брзо се рашири на интернет и се појавија бројни апели намалувањето на работното време да се воведе и во други земји, пишува во Independent.

Најголемиот шведски сајт за работа Indeed сепак откри дека одлуката за 6-часовен работен ден може да не е толку револуционерна, како што изгледа. Сајтот изнесе податоци дека во Шведска има нула пребарување за 6-часовен работен ден или кратка работна недела и ниедна фирма се уште не пуштила оглас за работа со слични услови.

Според Тара Синклер, главен економист во Indeed, тоа не значи дека 6-часовен работен ден во Шведска е мит.

„Ова повеќе е знак дека Швеѓаните веќе имаат изградено одржлив баланс помеѓу работата и приватниот живот. Иако темата за 6-часовниот работен ден се шири како шумски пожар на Интернет, тоа едноставно не е толку шокантно за нив“, објаснува Синклер.

Годишен одмор, породилно и работа

swedishroyalfamily

Граѓаните на Шведска имаат 25 дена годишен одмор, родителите имаат право да отсуствуваат од работа во продолжение на 480 дена по раѓањето или посвојувањето на дете. Овој период може да се подели меѓу двајцата родители.

Само 1% од Швеѓаните работат повеќе од 50 часа неделно, во САД оваа бројка е 11%. Тоа значи дека за еден година просечниот Швеѓанец работи 144 часа помалку од просечниот Американец.

Во исто време, бројот на огласите за работа „со флексибилно работно време“ остануваат доследни во последните 2 години, додека бројот на пребарувања за овие услови всушност е намален. Во САД огласите за работа со флексибилно работно време се зголемуваат секоја година.

„Обединувањето на работното време веќе не е чудна иновација, туку очекувана дел од секоја професија“, забележува Синклер.

Цената на работата

workingdisease

Подолгите работни часови често доведуваат до кардиоваскуларни заболувања и удари, според еден медицински извештај објавен неодамна .

Компаниите, кои имаат воведено 6-часовен работен ден, не го пријавуваат намалувањето на продуктивноста на трудот. Но психолози предупредуваат дека кратките работни дена може да ги стават работниците под дополнителен притисок да работат повеќе за пократко време.

„Ризикот е дека луѓето можат да започнат да работат поинтензивно и да се обидуваат да завршат повеќе работа за пократок временски период, што на крајот би ги зголемило тензиите, наместо да ги намали", тврди Гејл Кинман, професор по професионална психологија на Универзитетот во Бедфордшир.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот