Ангелов: Со спинувањето за двојазичност ВМРО-ДПМНЕ прави огромна штета
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2016 19:20
Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство ја искритикува власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ за кревање на тензии во јавноста и влошување на меѓуетничките односи со спинувањето на изјавата на Заев поврзана со користење на албанскиот јазик, а исто така и го осуди излагањето на Зијаден Села кој побара федерализација.
– За каков соживот зборуваме доколку мнозинството Албанци бараат нивниот јазик да стане рамноправен и официјален јазик на целата територија на Македонија. Дали, доколку албанскиот јазик е официјален јазик на целата територија на Република Македонија ќе придонесе за подобрување на меѓуетничкиот соживот или за уште поголемо влошување на меѓуетничките тензии, посочи Ангелов.
Тој исто така е загрижен доколку се инститира на јазична поделба тогаш односите меѓу Македонците и Албанците дополнително ќе се заладат.
- Доколку Албанците и Македонците престанат да се разбираат меѓу себе, а тоа ќе се случи доколку Албанците прекинат да го користат македонскиот јазик, ние уште повеќе ќе се оддалечиме. Од друга страна, зошто тие би биле привилегирани во однос на Србите, Турците, Ромите и другите етнички групи кои што живеат во Република Македонија. Дали Албанците кои што живеат во Швајцарија, Германија или Франција имаат право да го користат нивниот јазик и дали тоа штетно се одразува на нивното живеење во тие држави, рече Ангелов.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла
„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика
По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство
ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи
Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов
СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува
„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве
„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски
Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак





