29 Март, 2024
0.0893

Анѓушев: Јас сум дете на стечајни работници, никому тоа не му го посакувам

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 истакна дека поведувањето на стечајна постапка е прашање на судот кој самостојно одлучува и дека тука Владата нема никакви ингеренции ниту пак можности да се меша. 

Тој објасни дека стечај не значи никаков крај за ФЕНИ Индустри бидејќи главната цел е да се најде сериозен инвеститор кој ќе може да го сервисира долгот, но и да прикаже финансиска гаранција дека е подгтовен да вложи во комбинатот, да ги плати вработените и да обезбеди иднина за компанијата која е во проблеми поради претходното раководство

„Јас сум дете на стечајни работници и никој не сакам тоа да го почуствува на своја кожа бидејќи многу добро знам како е да се пројде низ тоа. Затоа стечајната постапка на Фени ќе биде сосема различна од тоа што досега се решавало во Македонија. Законот овозможи вработените да останат да работа, да земаат плата, а еднакви услови имаат сите инвеститори со тоа што ќе депонираат средства и ќе обезбедат иднина“ - изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. 

Тој вели дека од Фени зависи цел регион дека врвен интерес на државата е да се спаси комбинатот со квалитетна компанија која ќе го управува. Анѓушев аргументираше дека Енекод не ги исполнил дадените ветувања кон вработените, ниту пак било кога бил запишан како сопственик на ФЕНИ во Централниот регистар, но доколку покаже сериозност и ги исполни условите ќе има еднакви шанси да ја презеде компанијата како и сите останати заинтересирани инвеститори. Со тоа не се сложи Нели Беширова од Енекод која тврдеше дека нејзината компанија била со намера блокирана од трите банки доверители.


Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата