23 Април, 2024
0.0299

Анѓушев: Мои компании нема да учествуваат на државни тендери

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Фероинвест повеќе нема да учествува на државни тендери и да добива средства од буџетот бидејќи Кочо Ангушев, вицепремиерот за економски прашања донел одлука повеќе да не се користи повеќе да нема причини за сомнежи кај јавноста. Истото важи и за останатите компании каде тој е сопственик.

Тој во емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“, појасни дека тендерот за компанијата ЕЛЕМ, случај кој предизвика бурни реакции во јавноста, бил распишан во февруари уште пред да се знае дека тој ќе биде дел од новата влада.

– Тендерот за ЕЛЕМ беше распишан во февруари кога јас не разговарав за вицепремиерско место и никој не знаеше кога ќе има влада. Ние дадовме понуда во рамките на законскиот рок од 60 дена. Понудата е дадена на 14 април, кога повторно воопшто никој не знаеше дали ќе има нова влада и дали ќе бидам составен дел од неа. Потоа постапката продолжи, заврши со две наддавања кои беа распишани од претходното раководство на ЕЛЕМ, во кои „Фероинвест“ доби одредени делови од тендерот, но истите беа поништени. Кога станав потпретседател на Влада, немаше начин како „Фероинвест“ и партнерот да се откажат од тендерот. Вистината е дека „Фероинвест“ не доби ништо на тендерот – појасни Анѓушев.

Тој додаде дека „Фероинвест“ не само на овој тендер, туку нема да добие на ниту еден друг тендер, каде што од другата страна ќе биде партнер државата.

– „Фероинвест“ ќе си работи како што знае да работи на интернационалниот пазар. Фирмите 96 проценти извезуваат. Компаниите имаат 800 вработени кои и понатаму треба да продолжат да живеат и ќе бидат активни во економскиот живот во државата – додаде Анѓушев.

Тендерот со ЕЛЕМ предизвика големо внимание во јавноста бидејќи компанијата „Фероинвест“ е во сопственост на Анѓушев. Тој тогаш не гледаше ништо спорно фирмата да учествува на тендери, бидејќи се запазени сите законски процедури и бидејќи е назначен друг управител.

За овој случај се произнесе и премиерот Зоран Заев, кој кажа дека покрај законите, важен е и етичкиот кодекс и ја повика јавноста будно да следи што ќе се случува.


Можеби ќе ве интересира

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост