25 Април, 2024
0.0270

Анѓушев: Планот за економски раст поддржува резултати - Македонија е земја на знаење и технологија, а не на евтина работна сила

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Сите домашни и странски компании што ги задоволуваат условите ќе можат да добијат субвенции од мерките за економски раст изјави заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев во Отворено студио на ТВ Телма. Тој посочи дека субвенциите ќе следат  откако инвеститорите ќе ги покажат резултатите.

„Овој закон не разликува мали и средни претпријатија, односно, тие не се исклучени од овој закон, независно дали имаат еден вработен или десет илјади вработени. Сите се опфатени, но, специјално за малите и средните претпријатија има трета група мерки кои одат како владина програма, не како закон и ќе бидат имплементирани преку фондот за иновативност. Ако во овој закон за секое претпријатие важи дека ќе добие поврат на инвестицијата од 10 отсто, мало и средно претпријатие коешто е брзорастечко ќе добие 30 отсто поврат на инвестицијата, а во тие мерки мало и средно претпријатие коешто ќе прави нов производ ќе добие поврат на инвестицијата од 70 отсто од трошоците за правење нов производ. Тоа е првпат малите и средни претпријатија да добијат конкретни пари за инвестиции и за правење нов производ. Преку оваа програма малите и средните претпријатија добиваат посебна и специјална помош“, објасни вицепремиерот.

Според проекциите на мерките за економски раст, на годишно ниво ќе бидат потрошени 50 милиони евра за субвенционирање на индустрискиот раст кај приближно 7 000 домашни и странски компании кои ќе ги исполнуваат условите.

„Законот е наменет за реална економија, односно индустриски развој на државата. Ако Македонија досега беше рекламирана како земја за евтина работна сила, сега веќе не е така. Ние Македонија не смееме веќе да ја рекламираме како земја на евтина работна сила. Со овие мерки и условите кажуваме дека во Македонија има висококвалитетни кадри и каде може да се развиваат високотехнолошки производи и услуги“, рече Анѓушев.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди