26 Април, 2024
0.0355

Анѓушев: Струјата нема да поскапи со новиот закон

Објавено во: Економија 11 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Со донесувањето на новиот Закон за енергетика граѓаните ќе имаат избор било кој енергенс да го добијат на слободниот пазар од било кој снабдувач во Македонија, најави денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. 

Тој истакна дека со измените на Законот ќе се надминат конфликтните интереси во делот на гас и електрична енергија и ќе бидат задоволени сите  директиви од третиот пакет на ЕУ. 

За Предлог-законот денеска била одржана јавна расправа во Стопанската комора со Македонската енергетска асоцијација во делот на струјата. Утре ќе следи јавна  расправа во делот на нафата и гасот, а во среда ќе има јавна расправа во Владата. Потоа законот треба да помине на владина процедура и да биде препратен во Собрание. 

Анѓушев очекува до крајот на март да заврши редовната собраниска процедура за донесување на законот, а потоа се дава рок од девет месеци да се изберат универзален снабдувач кој ќе има договор од пет години за снабдување и да следи до крајот на 2018 годна целосната либерализација на енергетскиот пазар во земјава.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека со либерализацијата право на избор ќе имаат сите граѓани од кого ќе се снабдуваат со конкурентни цени.

Струјата нема да поскапи. Ова се барања од ЕУ и ЕЕЗ.

Законот за енергетика треба да го донесат до јуни 2018 година, а предлог закон ќе го разгледа Владата до крај на годинава. Законот е многу важен за економијата и државата и ќе се носи во редовна постапка со повеќе јавни дебати.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија