Анѓушев тврди дека бараат решение за Фени
Објавено во: Економија 21 Септември, 2017
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска изјави дека Владата ќе направи се производствениот капацитет Фени да продолжи да работи.
Владата е посветена и интензивно разговара со сопственичката структура на Фени и со менаџерскиот тим за да се изнајде решение.
„Фени е голем индустриски капацитет и Владата ќе направи сè за Фени да продолжи да работи“ - рече вицепремиерот.
Тој додава и дека Фени е значаен индустриски капацитет.
Опозицијата деновиве обвинуваше дека фирма на Ангушев за снабдување со електрична енергија ја блокирала сметката на Фени затоа што не го платиле долгот кон нив. Aнѓушев кажа дека тоа не е точно, дека станува збор за лага, но дека сепак Фени има финансиски проблеми.
Читајте уште