26 Април, 2024
0.0287

Анима Мунди од министерката Јанкулоска бараат да се преиспита одлуката за маски за кучињата

Објавено во: Македонија 05 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Претставници на Здружението за заштита на животните Анима Мунди бараат личен ангажман од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за да се „омекне“ толкувањето на член 29 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, со кој се предвидува сопствениците на кучиња да ги шетаат своите домашни миленици само со заштитни маски. Согласно ова законско решение, општина Аеродром од вчера веќе започна да наплаќа казни од 100 до 400 евра за сите кои „без заштитни средства (маска и слично), без надзор и невнимателно држат кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат или да повредат“. Активистите за заштита на животните веќе биле информирани дека од вчера за неполн ден во Аеродром веќе биле изречени две казни. „Почитувана Министерке и ние сме за владеење на правото и почитување и унапредување на законите, но не и произволно толкување кое ги стигматизира, оштетува граѓаните сопственици на миленици, оние совесните и одговорните и удира по џеп. Затоа горенаведената одредба до сега не сме ја доведувале во прашање зошто се однесува(ла) на оние лица кои држат кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат или да повредат (значи агресивни) и заради тоа треба да ги обезбедат со заштитни средства (маска и слично). Ваква била интенцијата на законодавецот од 2007 год. и вака се применуваше до ден денеска. Ако полицаец приметеше дека кучето е агресивно, или не доволно обезбедено со поводник и надзор од возрасно лице, тогаш казнуваа. Денеска останува истата одредба само што од страна на општина Аеродором се бара од МВР сите да ги санкционираат, а не само оние кои држат кучиња кои може да престрашат или повредат. Акцијата е поттикната од страна на општина Аеродром. Со ова се поставува прашањето дали тоа МВР се наметнува како сервис на општините за полнење на буџетските каси?“, ја прашуваат тие Јанкулоска. Од Анима Мунди бараат личен ангажман и укажување од Јанкулоска до сите полициски станици наведената одредба биде применувана како и до сега, т.е да на носење маска се инсистира само во случаи кога кучето е со непредвидлив, или агресивен карактер и кое што може да предизвика опасност по луѓето и другите животни, а доколку постојат какви било сомнежи во примената на истото да се побара автентично толкување од Собранието и да не се применува погрешно. „Анима Мунди не бега од одговорност во однос на чувањето на животните, и затоа секојдневно промовираме одговорно сопствеништво кое ќе подразбира и права и обврски, при што секој сопственик на миленик е должен да ја гарантира безбедноста на другите. Поддржуваме и строги санкции загрозување на јавниот ред, мир, сигурност. Но нема да поддржиме да се уназадува хуманоста, обесправуваат љубителите /сопствениците на миленик и компромитира Република Македонија во нејзиниот однос кон животните“, се додава во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот