Анкара еден месец ќе паузира со јавни собири
Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2017
Во Анкара во Турција се забранети секакви демонстрации и јавни собири на јавни места за период од еден месец.
Ова се случи по наредба на најголемата општина на Анкара. Мерката се воведува поради ризици кои постојат за безбедноста на градот во врска со добиените од разузнавачките служби предупредувања за планиран терористички напад во турската престолнина.
Забраната се воведе во момент кога во турскиот парламент има бурни дебати за уплатен пакет за промени во Уставот. Дебатите ја спротивставија владејачката АКП, покренувач на пакетот, и опозициската Републиканска народна партија, според која се цели замена на парламентарниот систем на Турција со претседателска власт, што би обезбедило неограничена власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Опозицијата организира голем митинг пред парламентот, во која учествуваа и пратеници, но тој беше растурен со употреба на брутална сила и водени топови. Следуваше правилник на најголемата општина на Анкара за забрана на секакви јавни настапи, која според некои извори може да биде продолжена и по истекот на едномесечниот рок, затоа што во Турција е на сила вонредна состојба, што беше воведена во јули лани.