Анкара не гледа на кипарската криза како „шанса“ за Турција
Објавено во: Балкан 02 Април, 2013
Анкара нема намера кризата во Кипар да ја искористи како „шанса“ за Турција, изјави министерот за финансии на земјата Мехмет Шимшек во интервју за турскиот весник „Стар“, изразувајќи желба земјата што е можно побрзо да излезе од кризата.
- Не ја сметаме за „шанса“ ситуацијата на кипарските Турци и сакаме сите наши соседи да бидат во состојба на стабилност и просперитет, посочува Шимшек.
Турскиот министер за финансии нагласи дека доколку планот на поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан за повторно обединување на Кипар бил прифатен во 2004 година, работите на островот во целина ќе биле подобри, како и дека тешкотиите со кои се соочува кипарската грчка заедница не се причина за задоволство на Турција.