20 Април, 2024
0.0273

АНКЕТА НА ИРИ: Каков став имаат граѓаните за ситуацијата во Македонија и членството во ЕУ?

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Расте оптимизмот за политичката ситуација во земјата и изгледите за членство во ЕУ.

Ова го покажува анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). 

Новата влада, како што се вели во известувањето од ИРИ, треба да го препознае ова како можност да ја поврати довербата на граѓаните на Македонија и да преземе суштински мерки за решавање на прашањата кои се од најголема грижа за граѓаните.

Бројот на граѓани кои ја опишуваат внатрешната политичка ситуација како „мирна и стабилна“ скокна од само 5 проценти во март 2017 на 44 проценти во август 2017 година. 

Процентот на оние кои ја опишуваат моменталната состојба како „напната и неизвесна“ падна за 18 проценти (62 проценти во март 2017; 44 проценти во август 2017), а бројот на оние кои ја нарекуваат ситуацијата „критична и нестабилна“ има пад од 22 проценти (32 проценти во март 2017; 10 проценти во август 2017).

„Додека претходните анкети на ИРИ одразуваа длабока вознемиреност и песимизам во врска со стабилноста и траекторијата на Македонија, резултатите од ова истражување се многу охрабрувачки“- рече регионалниот директор на ИРИ за Европа, Јан Сурочак.

Македонските граѓани се пооптимистични по прашањето за изгледите за пристапувањето кон Европската Унија. Бројот на оние кои мислат дека земјата сега е поблиску до пристапувањето во ЕУ отколку кога го доби кандидатскиот статус, скокна од само 13 проценти во март 2017 година на 41 процент. Поддршката за членството во ЕУ и понатаму е силна на 77 проценти  и има подобрување за 5 проценти од март 2017 година.

Обновеното чувство на стабилност што се рефлектира во истражувањето, исто така, може да допринело за пооптимистички поглед кон економијата. Триесет и три проценти сега веруваат дека економијата ќе се подобри во текот на следните две години – зголемување за 12 проценти од март 2017. Бројот на испитаници кои сметаат дека нивниот квалитет на живот се влошува, се намалил од 38 проценти во март 2017 на 24 проценти.

Анкетата беше спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку Брима, фирма за истражување. 

Податоците беа собрани од 4 до 21 август 2017 година преку интервјуа лице-во-лице на национално репрезентативен примерок од 1.105 испитаници на возраст над 18 години. Маргина на грешка е плус или минус три проценти на среден опсег на ниво на доверба од 95 проценти. Стапката на одзив беше 71 проценти. 

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд