АНКЕТА НА ТЕЛМА: Рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ скоро еднакви
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2017
Мала е разликата помеѓу рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Таа изнесува само 0,8%, се вели во најновата анкета која ја изработи агенцијата М-Проспект на барање на Телма и МЦМС.
На прашањето доколку утре се одржат парламентарни избори за кого е најверојатно дека ќе го дадете гласот, 24,5% од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 23,7% кажале дека ќе гласаат за СДСМ. 8,5% ќе гласаат за ДУИ, 3,7 % за БЕСА, 1,8% за Алијансата за Албанците и 0,9% за ДПА. Повеќе од 30 % од испитаниците не кажуваат за кого ќе гласаат.
Анкетата е направена од 10 до 15 мај телефонски на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.