29 Март, 2024
0.0255

АНКЕТА: Речиси секој втор работник е пријавен на пониска сума од онаа што ја добива

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Скоро секој втор работник е пријавен на плата која е пониска од таа што реално ја добива. 

Ова го покажала анкетата спроведена од Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП), во текот на мај и на јуни годинава. Објаснуваат дека одговорноста за нецелосното исплаќање придонеси најмногу лежи кај работодавците, но виновни се и работниците кои ги прифаќаат овие услови.

„Еден од десет работници воопшто немаат потпишано договор за работа со својот работодавец, со што, покрај социјалните придонеси, се избегнува и плаќањето данок на приход. Последиците можат да бидат слаба или неквалитетна социјална и здравствена заштита, необјективна процена на големината на домашниот бруто-производ, нереален број на невработени, односно вработени и социјално загрозени лица, голема стапка на даночна евазија и помал буџет, што претставува предизвик и за фискалната политика на државата“ – стои во истражувањето на ЦИКП.

Резултатите покажуваат дека околу 22,1%  од анкетираните би прифатиле да работат непријавени ако добиваат повисока плата. Од испитаниците  62,7% во споредба со 56,4% во 2014 година изјавуваат дека задолжителното здравствено и социјално осигурување не им обезбедуваат доволно чувство на сигурност, може да се смета за дополнителна причина за прифаќањето на непријавена работа. 

Целта на оваа анкета е да се утврдат различните форми на скриени економски активности денес и да се споредат со резултатите од пред две години истиот период. 

Во текот на месец мај/јуни 2016 година, Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП), направи теренска анкета на репрезентативен примерок од 1.097 испитаници на територијата на Република Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат