АНКЕТА: Во Новата година посакуваат подобра работа и подобри семејни односи
Објавено во: Балкан 31 Декември, 2016
Сајтот MojPosao направи анкета со 300 испитаници, при што е утврдено дека во 2017 година сакаат подобра работа и подобри односи во семејството.
Повеќе од половина или 56% имаат одлука која сакаат да ја спроведат во 2017 година.
Околу 23% не планираат да донесат новогодишна одлука, а 21% уште не одлучиле.
46% ќе донесат одлука поврзана со кариерата.
65% сакаат подобра работа, 38% сакаат едукација, 27% сакаат поголема заработка, а 12% сакаат да направат рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот.
Другите кои немаат желби за кариерата, сакаат да си го подобрат здравјето и односите во семејството.
40% сметаат дека донесувањето на новогодишна одлука е мотивација за реализација.
Лани дури 39% се откажале од исполнување на одлуката која ја донеле.
27% од нив не ги земале во обзир пречките кои ќе им се појават при реализирање на планот.