АНТИТЕРОРИСТИЧКИ АКЦИИ ВО ДВЕ ЗЕМЈИ: Колку исламисти се уапсени?
Објавено во: Свет 07 Ноември, 2017
Полицијата уапси десет лица кои планирале напади.
Во рамките на заедничката антитерористичка акција во Франција и Швајцарија уапсени се десет лица, објавија француските медиуми.
Осомничените меѓусебно разменувале алармантни шифрирани пораки преку апликација.
Во моментот не е познато во кои делови од Франција и Швајцарија биле планирани терористички напади. Властите во наведените држави ја истражуваат поврзаноста на осомничените со екстремистичките радикални групи.
Во Франција последниве години имаше повеќе напади во различни градови, а на мета беше и Париз.
Во Швајцарија нападите беа поретки и со помал број на повредени.