АПЕЛАЦИЈА ПРЕСЕЧЕ: Латас и Пешевски остануваат без пасоши
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2017
Уредникот на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас, екс вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, како и вработениот во МВР, Небојша Стојаковиќ, обвинет во случајот „Трезор“, за набавката на опрема за следење преку фирмата „Финзи“ остануваат без пасоши.
Оваа одлука ја објави Апелациониот суд за о жалбите за мерките што им беа изречени на обвинетите во случаите што ги отвори Специјалното јавно овинителство.
Мерките за претпазливост остануваат и за браќањата на Латас обвинети во случајот „Тревник“.
Јавните седници продолжуваат по жалбите на обвинетите за случаите на СЈО. Иако за поголем дел од обвинетите СЈО бараше притвор, сепак кривичните совети на сите обвинети им одредија поблаги мерки.