29 Март, 2024
0.0273

АПОКАЛИПСА: Земјотреси, поплави, пожари – каде оди светот?

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Пожари, поплави и земјотреси во летен шпиц, познати туристички дестинации од летен рај се претворија во пекол за туристите. Добри вести стасуваат од Црна Гора – пожарите се ставени под контрола, но лоши вести има од егејското крајбрежје – таму тресат земјотреси. Неделата што измина донесе вистинско “цунами“ на Балканот, кое зад себе остави жртви, урнатини и страв.

Силен земјотрес на Егејското крајбрежје..

Урнати кровoви, распукани ѕидови, уништено пристаниште. Две жртви. Силниот земјотрес што го погоди крајбрежјето на Грција и Турција, односно југоисточните острови во Егејското море се претвори во вистинска трагедија и за мештаните и туристите. Земјотресот со интензитет од 6,2 степени, според Рихтеровата скала, удри во 1.31 часот во петокот. Најпогоден е турскиот туристички центар Бодрум, кој важи како атрактивна дестинација и за македонските туристи.

Земјотресот се почувствувал на целото егејско крајбрежје на Турција со должина од околу 90 километри. Според проценките на сизмолозите, епицентарот, бил многу близу до површината и поради тоа се почувствувал многу силно. Конкретно, епицентарот бил на грчкиот остров Кос, на длабочина од 7,8 километри.

По земјотресот, следуваше и цунами. Две лица го загубија животот а стотина се повредени .

“Нашата главне цел е сега да спасуваме човечки животи“ - изјави вработен во локалната болница на погодените острови за грчаната анционална телевизија ЕРТ.

Земјотресот предизвика голема паника меѓу жителите. Голем дел од нив ноќта ја поминаа под отворено енбо - надвор од своите домови. Овој земјотрес беше и причина голем број на турсти да го напуштат регионот, стравувајќи од нови потреси. По големиот удар, во изминатите 48 часа се регистирани стотина нови, помали земјотрески, како афтершокови по големиот. Земјотресот најмногу го погоди Бодрум, каде сезонава е полно со туристи, вклучително и странци. Грчкиот остров Кос, каде беше епицентарот на земјотресот е преполн со туристи и важаи за атрактивна дестинација за британците. Во средината на јуни годинава, грчките острови Лезбос и Хиос беа погодени од земјотрес при што загина едно лице, а петнаесетина други повредени. Тогаш земјотресот беше со сила од 6 степени.

Цунами “медуза“ ...

Почеткот на оваа недела беше поразителна за една од најатрактивните турситички дестинации – грчки Халкидики. Вториот крак, Ситонија беше погоден од голем цунами. “Медуза“ носеше се пред себе, улиците се претворија во реки.

Прва жртва на силното невреме во Грција беше еден овчар, кој во неделата бил пријавен дека е исчезнат. По напливот на цунамито, сликата на вториот крак, беше стравична. Поплавени продавници. Излеана канализација, потппени апартмани и плажи, уништени земјоделски посеви.

Дел од македонските туристи сведочеа за летниот “хорор“.

“Не се насетуваше толку големо невеме. Беше апокалиптично. Успеавме наверме да се евакуираме во еден хотел кој беше лоциран на малку повисока надоморска висина. По завршување на невремето, сликата беше страшна. Плажите и кампот во кој бевме сместени беа целосно полавени, уништени“ - вели за “Фактор“ турист од Македонија.

Невремето во Грција беше проследено со поројни дождови до 100 литри на метар квадратен.

Катастрофа во Истанбул..

Надојдените води од Босфор во средата го потопија Истанбул. Во кварт Ускудар на азискиот брег на градот, штетите беа најголеми. Поплавени патишта и плоштади, луѓе во паника, возила под вода. По силниот дождовен удар, беше затворен и подводниот тунел меѓу Европа и Азија.

Освен дожд, Истамбул беше изложен и на силен ветер кој дувал до 80 километри на час. Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим ги оцени случувањата како “катастрофа”.

“За краток период падна невообичаено количество дожд” - изјави премиерот Јилдирим.

Пожари во Црна Гора и Хрватска....

По повеќе дневна битка со пожарите, конечно огнените стихии во Црна гора се ставени под контрола. Со помош на хрватски канадери сите жаришта се задушени, иако и натаму тлее пожарот кај Забрѓа и Мркова, кај Херцег Нови.

„Во општините Тиват и Херцег Нови активни се пожарите на Коњевичи. На локациите каде претходните денови беа активни пожари се уште има активности, но ситуацијата е значително подобрена и е под контрола“, соопшти Директоратот за вонредни ситуации, пренесе РТЦГ.

Во текот на борбите со огнените сихии, покрај воздухопловите од Украина, Швајцарија и Бугарија, во гасењето на пожарите беа вклучени и канадери од Хрватска, што делуваа во пограничниот појас меѓу Црна Гора и Хрватска. Пожарите избувнаа на 17 ти месецов, а најголемиот удар беше зададен во Тиват, атрактиваната туристичка општина. Истиот ден беа евакуирани голем дел од жителите.

Во регионот околу Подгорица од почетокот на неделата избувнаа повеќе од 30 пожари. Пожари беснееа и во Хрватска, а особено критично беше во шумскиот појас околу градот Сплит. По обвинувањата дека армијата можела да интервенира порано и да спречи проширување на катастрофата, вицепремиерот и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ да поднесе оставка, која премиерот Андреј Пленковиќ одби да ја прифати.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор