Apple покрена нова масовна тужба - Бара 1 милијарда долари од Qualcomm
Објавено во: Економија 21 Јануари, 2017
Apple по мега судскиот процес против Samsung повторно ги ангажираше адвокатите и покрена нова голема тужба, овој пат против производителот на процесори Qualcomm за оштета од високи 1 милијарда долари.
Apple го обвинува Qualcomm за монополска позиција на пазарот, за екстремно високи цени за лиценцирање на технологии и за изнуда на пари. Qualcomm наводно барал огромни надоместоци за TouchID скенерот за отпечатоци на iPhone, за мобилните камери, за напредните дисплеји и други иновативни технологии кои Apple се труди самостојно да ги развие и повеќе не сака да дава пари непотребно.
Исто така Федералната комисија за трговија на САД поведе антимополска постапка против Qualcomm кој има седиште во Сан Диего, па се очекува уште една долга судска битка.