Апсења во Истанбул - приведени и странци
Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2017
Апсења има во Истанбул, и се трага по напаѓачот кој изврши масакр во клуб за Нова година.
Турските власти денеска на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул приведоа двајца странски државјани, под сомнеж за поврзаност со нападот во истанбулскиот ноќен клуб за време на новогодишната ноќ, кога беа убиени 39 лица, а 69 беа ранети. Странците сакале да побегнат од земјата. Обрачот околу убиецот се стега.
Двете лица се приведени на влезот во меѓународниот аеродром и однесени во седиштето на полицијата во Истанбул.
Одоворност за нападот презеде групата „Исламска држава“.
Напаѓачот на клубот „Реина" е 28-годишниот Ахе Машрапов од Киргистан.