Апсења во панамската Монсак-Фонсека за мито вредно 800 милиони
Објавено во: Свет 12 Февруари, 2017
Обвинителството на Панама соопшти дека се уапсени основачите на адвокатската фирма Мосак-Фонсека, која беше вмешана во минатогодишната афера Панамски документи, кога беа објавени илјадници страници документи за банкарски сметки на офшор компании, овој пат за измами со компании и подмитување во Бразил.
Обвинителството изврши претрес во компанијата и ги обвини Рамон Фонсека Мор и Јирген Мосак дека отвориле офшор сметки со што и овозможиле на бразилслата градежна компанија Одебрехт да исплаќа мито на земји од Јужна Америка.
Сопствениците на Мосак-Фонсека се сомничат дека исплатиле мито во висина од 800 милиони долари.
Во протечените Панамски документи се откри дека преку Монсак Фонсека се водат оф-шор фирми на многу познати политичари, актери, спортисти, уметници и моќници ширум светот со цел да се избегнат високи даноци.