АПСЕЊЕ ВО БЕРЛИН: Фатен помагач на Анис Амри
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2017
Упасен е човекот кој му помагал на напаѓачот од Берлин, кој прегази 12 луѓе на Божиќен базар.
Тој е приведен во бегалскиот центар во Берлин. Се работи за Тунижанец, за кој постои сомнеж дека му помагал на терористот Анис Амри.
Се верува дека уапсениот 26-годишен Тунижанец „знаел за планот за нападот“ и дека „можеби помагал“ во неговото извршување.
Тој го познавал Амри од пред две години, а се верува и дека телефонски разговорале „непосредно пред нападот“.
Полицијата уапси уште еден маж, веројатно поранешниот цимер на Амри, за кој исто така постои соменеж дека знаел за плановите за терористичкиот напад.
Со камион Амри прегази 12 луѓе од кои дел беа Германци, а дел странци кои дошле во Германија за празниците.