АПСЕЊЕ ВО БРИТАНИЈА: Момче поврзано со нападот во Манчестер
Објавено во: Свет 29 Мај, 2017
Британската полиција уапси 19-годишно момче поради поврзаност со бомбашкиот напад во градот Манчестер, во кој беа убиени 22 лица, објави радиото Voice of America.
Апсењето е извршено доцна синоќа за време на полициската операција во квартот Гортон. Така вкупниот број на приведение во случајот станува 15, а некои од нив веќе се ослободени. Во притвор остануваат 13 мажи.
Нападот ја потресе Британија, а беа убиени и повредени повеќе деца.
Одговорноста за нападот ја презеде ИД.