АРАПИТЕ НАВАЛИЈА ВО БИХ: Некои остануваат и по месец дена
Објавено во: Балкан 14 Август, 2017
Во Босна и Херцеговина пристигнале 42.627 лица од арапските држави во првите седум месеци од 2017 година.
Најголем број од нив се од Обединети Арапски Емирати (19.887), стои во извештајот на Граничната полиција на БиХ.
Потоа следат посетители од Кувајт (11.103), од Саудиска Арабија (9.385), од Катар (1.531) и на петто место се државјаните од Јордан (721).
Арапите во БиХ просечно престојуваат од пет до десет дена, а поголемиот дел од нив најмуваат сместување за еден месец. Другите купуваат или градат куќи, каде веќе се изградени голем број арапски квартови.
Во споредба со лани има раст на посети на Арапи во БиХ.