КОНЕЧНО ТЕНДЕР: Ќе се реконструира студентскиот дом „Гоце Делчев“

30/04/2014  //  Пред 2 месеци  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај

gocedelcev2011071226067

Министерството за образование и наука денеска го објави тендерот со кој бара градежна компанија која ќе се зафати со реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Повикот е отворен до 19 мај, а ресорното министерство се надева уште летово да започнат работите на санација на студентскиот дом, затоа што во тој период е најмал бројот на студентите кои престојуваат таму.

Според проценките на Владата, зафатот треба да чини нешто повеќе од еден милион евра без ДДВ. Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се состои од четири блока и во своите простории може да прими преку 1.200 студенти.

Објектот е изграден во 70-тите години и од тогаш во него не е извршен ниту еден посериозен санационен зафат. Состојбата во него е исклучително лоша, заради што фотографии од условите во кои живеат студентите го обиколија светот. Неговата реконструкција се најавува со години, но дури сега е преземен конкретен чекор во таа насока.


Остави коментар

comm comm comm

Facebook