Крива Паланка ќе добие пакистанска инвестиција од 1,3 милиони евра

14/12/2012  //  Пред 1 година  //  ЕКОНОМИЈА  //  Коментирај

kriva_palanka_2911-e1354195421544

Прва пакистанска инвестиција во Република Македонија од прехранбената индустрија со вредност од околу 1,3 милиони евра е токму откупувањето на Кланицата со ладилник од поранешната З.З. „Малина“.

Ревитализацијата на кланицата, како и изградбата на новиот погон за месни производи кои најпрво ќе се пласираат во државата, а јагнешкото месо ќе се извезува и во земјите од арапските емирати се планирани во оваа инвестиција.

Во овој сегмент ќе бидат развиени и кооперантските односи со индивидуалните земјоделски производители и со земјоделските претпријатија за јагниња и јунци и храна, а потоа, при примопредавањето на стоката, ќе се рефундираат и остварените добивки на земјоделците или претпријатијата.

Предвидено е веднаш да се вработат до 60 лица, а со кооперантските односи овој број значително би се зголемил.

Доколку дозволат временските прилики, овој инвестициски проект треба да се реализира во периодот март – јуни следната година.

Развојната компонента на групацијата „Џонсон и Филипс – Агро“ од Пакистан предвидува вложување на уште од 3-4 милиони евра на претходни бизнис испитувања.



Остави коментар

comm comm comm

Facebook