Стартува примената на здравствената електронска картичка

01/11/2012  //  Пред 2 години  //  ОПШТО  //  Коментирај

60D766336F3A24428FC80003912AB4EA

Практичната примена на здравствената електронска картичка, почнува од денеска. Осигурениците кои веќе ги имаат добиено новите електронски картички при користење здравствена услуга во установи кои работат со Фондот за здравствено осигурување нема да има потреба да носат сини картони.

Досега се дистрибуирани 65.000 здравствени картички на вработени во 1.300 државни и јавни институции и на членови на нивните семејства. Подготвени се и треба да се достават уште 133.000 здравствени електронски картички, исто така, за вработени и членови на нивните семејства во овој сектор.

Здравствените електронски картички ќе може да се користат во сите здравствени установи и аптеки, каде се обезбедени минимални услови, односно имаат добиено бесплатни читачи од Министерството за здравство. Секоја здравствена установа има добиено по два читача.

Здравствената електронска картичка на почетокот ќе биде само замена за сините картони, а понатаму може да се надгради и да содржи и здравствени информации. Засега има само лични податоци за осигуреникот, кој при првото користење на картичката ќе треба да впише пин од комбинација на пет бројки.

Сите осигуреници здравствени електронски картички треба да добијат до средината на наредната година. Први се вработените и членовите на нивните семејства осигурани преку  нив во државните и јавните институции. Во периодот од јануари до април треба да се достават до невработените и лицата со ниски примања и за пензионерите во периодот од март до мај.

Во наредните три години здравствената електронска картичка ќе се користи паралелно со старата здравствена книшка.

Здравствената електронска картичка чини 250 денари за вработените, 100 денари за невработените и оние со ниски примања и пензионерите, а социјалните случаи врз основа на потврда од Министерството за труд и социјална политика ја добиваат без надомест.



Остави коментар

comm comm comm

Facebook